Од денеска (2мај) до 4 мај, Секретаријатот за европски прашања ќе биде домаќин на ученици од 5-то одделение од училиштата на територијата на Република Македонија во рамките на едукативниот проект „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение“. Овој проект кој се одржува во месец мај (месецот на Европа), има за цел одблиску да ги запознае учениците со суштината и темелните вредности на Европската Унија, како и со улогата на делувањето на Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на процесот на пристапување на Македонија во големото европско семејство, во годината кога за прв пат во нивното образование наставната програма предвидува едукација за Европската Унија.
Во рамките на овој проект Секретаријатот за европски прашања ќе ги отвори вратите за околу 900 ученици од 5- то одделение, од 12 училишта на територијата на Република Македонија кои се пријавија на оворениот повик на Секретаријатот за европски прашања за учество во едукативниот проект „Отворени денови на СЕП за ученици од петто одделение“.