Реакција: 91 советници и соработници на поранешниот премиер Никола Груевски чинеле најмалку 1,73 милиони евра годишно

Владата на Република Македонија ги следи принципите на отвореност, транспарентност и отчетност во својата работа и во таа насока сите советници на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се јавно објавени на официјалната веб страницата, а прашањата од медиумите поврзани со нивниот број и дневни работни активности се одговараат на дневна основа. 

Со цел јавноста да може да направи споредба со работењето на претходната Влада, ви ги презентираме трошоците за плати на сите 91 советници и надворешни соработници на поранешниот Претседател на Владата на Никола Груевски кои изнесувале 1,73 милиони евра годишно

Потенцираме дека сумата за плати која била потрошена во тој период е тројно поголема од вкупната сума која оваа Влада ја издвојува за сите советници, посебни советници и надворешни соработници на премиерот. 

Дополнително потенцираме дека поради обемот на архивирана документација и нестандардното архивирање сѐ уште НЕ СЕ обработени податоците за периодот 2006 - 2010 година за ангажирани лица како советници и соработници на поранешниот премиер Никола Груевски. 

Податоците како и имињата на лица ангажирани во Владата на Република Македонија како советници и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата на Никола Груевски СЕ обработени за  период од 2010 до 2016 година.

Само за една година Владата на Никола Груевски за надворешни соработници и советници има потрошено 71,6 милиони денари пари на граѓаните на Република Македонија, меѓу кои биле ангажирани и надворешни соработници со плата од 7.000,00 евра месечно.

Дополнително, недостасуваат податоци од авторски агенции преку кои биле ангажирани надворешни соработници, што значи дека оваа бројка од 91 советници и надворешни соработници, НЕ Е финална.

Покрај индивидуалните договори за советување поранешниот премиер Никола Груевски има договори за консултантски услуги од меѓународни агенции за застапување, правни консултации, градење на бренд, за менаџирање на углед и слично во 2015 и 2016 година. 

Се работи за 4 договори со вкупна вредност од: 569.000 евра или 34,99 милиони денари.

Доколку се земат предвид двете суми на годишно ниво финалниот износ кој Владата на Никола Груевски ја има потрошено за советници и соработници на премиерот изнесува: 106,64 милиони денари или 1,73 милиони евра ПАРИ НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

 

Во продолжение Ви ги пренесуваме примањата на некои од советниците и надворешните соработници кои посебно се издвојуваат:

Марјан Хрибар

Месечно 2500 Евра

Јехоша Шуки Глајтман

надворешен соработник  надоместок  Годишно  26.000 американски долари. Покрај надоместоците, на надворешниот соработник му се обезбедуваат патни трошоци, трошоци за исхрана и хотелско сместување за време на неговиот престој во РМ

Александар Никовски

Месечно 3000 Евра

Роберт Валтер

Месечно 7000 Евра

Христијан Мицкоски

ангажиран со надомест со коефициент 1.8. на Никола Груевски. го менува договорот со наредниот премиер Емил Димитриев во надворешен соработник за енергетика (нема сума на договорот)

Колин Џефери

Месечно 4000 Евра

Џорџ Р. Пери

Месечно 5000 американски долари

 

Во продолжение целата листа на советници за кои ги споделивме податоците:

1.    Азир Алиу
2.    Александар Ѓорѓиев 
3.    Александар Митов 
4.    Александар Никовски 
5.    Ана Блажеска
6.    Антонио Пеков
7.    Бојан Петровски
8.    Бранислав Саркањац 
9.    Вања Христовска
10.    Василка Габер
11.    Вера Димитриева
12.    Весела Костовска
13.    Виктор Михајловски
14.    Виктор Новаковски 
15.    Виолета Марковска
16.    Владо Поповски 
17.    Влатко Илиевски
18.    Горан Лазов
19.    Горан Мојсовски
20.    Горан Торбаков 
21.    Горан Устијаноски
22.    Данче Сотироска
23.    Дарко Ангелов
24.    Дебора Лакаордова
25.    Дејан Бујишиќ
26.    Дејан Герасимовски
27.    Димитар Самарџиевски
28.    Димитар Трифуновски
29.    Димче Лазаревски
30.    Дино Стеријевиќ
31.    Ѓоко Николовски
32.    Елена Ивановска
33.    Елена Новачка
34.    Елизабета Панговска
35.    Иван Стојановски
36.    Ирена Лесовска
37.    Исмет Османи
38.    Јана Глигоровска
39.    Јасмина Апостолска
40.    Јасминка Васкова Ташкова
41.    Јордан Поповски
42.    Јехошуа Шуки Глајтман
43.    Катерина Димовска
44.    Кенан Абди
45.    Колин Џефри
46.    Коче Гаврилов
47.    Кристијан Арсов
48.    Крсте Маљановски 
49.    Лазо Трпков
50.    Луке Галески
51.    Љупчо Ефремов 
52.    Марија Апостолова
53.    Марија Влашчева
54.    Марија Ивановска-Гуговска
55.    Марија Јакимовска
56.    Марина Ефремовска
57.    Марјан Хрибар 
58.    Мартина Антиќ
59.    Мартина Тевчева
60.    Мери Атанасовски 
61.    Методиј Хаџи Васков
62.    Милош Стокуќа
63.    Мирвет Рамадани
64.    Мичо Апостолов
65.    Наталија Пешиќ
66.    Ненад Коцевски
67.    Панче Кралев
68.    Перо Китановски
69.    Огнена Никуљска
70.    Роберт Валтер 
71.    Розета Видоеска
72.    Розета Трајан
73.    Сања Димитриевска
74.    Саша Грујевски
75.    Сашо Павлоски
76.    Сашо Стефановски
77.    Сенко Велинов 
78.    Славе Веловски
79.    Славица Тодорова
80.    Слободан Тодоровски
81.    Слободан Трчков
82.    Соња Тодороска
83.    Срѓан Керим 
84.    Тања Костовска
85.    Татјана Арсова 
86.    Тео Вајгел
87.    Тодор Теменуговски
88.    Фиданчо Велиновски
89.    Христијан Мицковски 
90.    Христина Костовска Радинска
91.    Џорџ Пери