Министерот Венко Филипче вчера во Женева, Швајцарија се обрати на 71. Собрание на Светската здравствена организација. Во своето обраќање тој истакна дека промената на Законот за здравствена заштита е во согласност со подобрувањето на пристапот до сите граѓани до поквалитетни здравствени услуги.
„Ослободување од плаќање на здравствена партиципација за најранливите категории на граѓани што го воведовме е во насока на зголемување на достапноста на здравствени услуги и бесплатно болничко лекување за социјално-загрозените категории на граѓани“, потенцираше министерот Филипче.
Министерот Филипче додаде и дека остварување на универзална здравствена заштита е нашa определба. Но, секој превземен чекор во остварување на универзална здравствена заштита, дури и најмалиот, е ислучително важен во остварување на оваа борба.
Целта е секој да ужива највисока можна здравствена заштита и да има можност и пристап до квалитетни здравствени услуги без оглед на приходот.