Пуштена во употреба спортската сала „Македонско сонце“ во ОУ „11 Октомври“
Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска ја пуштија во употреба спортската сала „Македонско сонце“ во основното училиште „11 Октомври“, во општина Центар, што е дел од проектот за изградба на 35 спортски сали во државата.
Салата е на површина од 1.000 квадртани метри, со капацитет од 500 седишта, опремена со најмодерна спортска опрема, оспособена за ракомет, кошарка, мал фудба, одбојка, гимнастика...
Претседателот на Владата смета дека салата ќе биде од огромно значење за спортскит живот во општина Центар и оти најголема придобивка ќе имаат учениците од основното училиште „11 Октомври“.
- Оваа сала, како и сите други кои ги градиме низ Македонија, денес претставува само нов спортски објект, но со нејзиното ставање во функција постанува и нов дом за многу млади генерации на спортисти, рече Груевски.
Тој изрази уверување дека можеби од тука ќе излезат нови таленти кои ќе ги бранат боите на Македонија.
- Токму тоа е и нашата тенденција, спортот да го подигнеме на здрви нозе, да изградиме што повеќе спортски објекти и да направиме услови што поголем број млади да се вклучат во спортските клубови, да понат да практикуваат еден поздрав начин на живот и дас енасочат кон вистинските вредности во животот. Убеден сум дека со ваквата политика ќе дадеме огромен придонес во задоволување на нивните потреби и ќе инвестираме во нивната, но и во нашата иднина, нагласи премиерот.
Покрај ученциите, спортската сала, како што информира градоначалникот Тодоровиќ, ќе може да ја користат и спортскте клубови, спортистите и сите млади таленти од општина Центар.
Целта на проектот, според директорот Поповски, е да се помогне развојот на спортот во сите сегменти и дасе поттикнат младите на здрав начин на живеење.
Во рамки на овој проект, како што потсети директорот на Агенцијата за млади и спорт, пуштена е спортска сала „Македонски херои“ на Факултетот за физичка култура, а предвидени се во домот за деца без родители „11 Октомври“и во универзитетскиот комплекс „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На новинарско прашање како премиерот Груевски ја оценува играта на македонската ракометна репрезентација, тој ја поздрави нивната пожртвуваност.
- Ме фасцинира големата пожртвуваност на нашите играчи, на нашите реперезентативци, не само нивното знаење, техника итн., туку фактот што буквално како и кошаркарите ова лето гинат на теренот, што треба јавно да се поздрави, реч премиерот Никола Груевски.