На првиот ден од петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан (Самит), под покровителство на британската премиерка Тереза Меј, МНР Никола Димитров учествуваше на панел дискусијата “Иднината на Берлинскиот процес” со невладини и младински организации - видеото може да се преземе од следниов линк https://youtu.be/XD3VSvXSeLY.
Министерот Димитров имаше посебни обраќања на работниот ручек, како и на пленарната дискусија посветена на билатералните прашања.
МНР Димитров: „Нашиот пристап при решавање на билатералните прашања е искрен: отворен дијалог, се трудиме да ги сфатиме барањата на другата страна, немаме скриена агенда“.
Конференцијата се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија), и петте земји-членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија. Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Бугарија, Словенија и Хрватска.
Во рамки на програмата на Министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.