Од 87-мата седница на Владата на Република Македонија: Прифатен текстот на предлог - законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и на патна делница Кичево – Охрид

На редовната 87-ма седница, Владата на Република Македонија ја усвои информацијата за потребата од донесување на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување на Анекс бр. 2 кон договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид , по скратена постапка.

 

Исто така, Владата го разгледа и го прифати текстот на предлог - законот за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, како и текстот на Анексот бр. 2 кон договорот за изградба на патна делница Кичево - Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

 

Владата го овласти Премиерот Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов да го потпишат Анексот бр. 2 кон договорот за изградба на автопат, делница Кичево - Охрид, помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, по донесување на законот за дополнување на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево Охрид и објавување на истиот во Службен весник на Република Македонија.

 

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, Владата, на денешната седница ја разгледа и ја усвои и информацијата за статусот на проектот изградба на автопат „Скопје - Блаце” со предлог за реализација на истиот.