Македонија доби исклучително позитивно мислење од Венецијанската комисија за измените во Законот за судовите. На денешната седница на Венецијанската комисија, мислењето беше усвоено. Венецијанската комисија истакна дека најголемиот број од мислењата дадени во претходни години се сега имплементирани во законот кој влезе во собраниска процедура. Целта на овие измени на законите е усогласување со европските стандарди.
Како клучни измени во делот на Законот за судови, се измените коишто се однесуваат на основите за утврдување дисциплинска одговорност кај судиите. Постојат повеќе придобивки од измените на Законот за судови: Нови и заострени критериуми за избор на судија, се врши редефинирање на основите за разрешување и за утврдување на одговорност на судиите.
Оваа недела министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска истакна дека очекува измените да ги поддржат сите 120 пратеници во законодавниот дом: „Се надевам дека сите 120 пратениците ќе имаат доблест и сила да ги поддржат овие измени, бидејќи тие се веќе верификувани од Венецијанската комисија, којашто ја цени усогласеноста на законската регулатива со европските стандарди“.