Министерот за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Бардуљ Даути, на ден 31.01.2019 година, беше на службено патување во Република Грција, каде што имаше работна средба со разни потенцијални компании заинтересирани за инвестирање во Република Македонија. Министерот Даути се сретна со претседателот на Економската стопанска комора и индустрија на Хеленската држава, кој е исто така заменик-претседател на стопанските комори на ниво на Европската унија, Константин Михалос.
Соговорниците го споделија ставот дека очекуваната економска соработка меѓу двете соседни земји, Република на Грција и Република на Македонија во иднина ќе се зајакне, уште повеќе со оглед на фактот дека и двете земји успешно успеаја преку Преспанскиот договор да го надминат прашањето за името.
На средбата беше разговарано и за можноста за обезбедување на трговски марки на грчките компании што работат во Република Македонија, каде што министерот Даути нагласи дека по конечното усвојување на Преспанскиот договор, секоја економска соработка меѓу двете земји ќе биде полесна.
Од оваа дискусија соговорниците се согласија дека во блиска иднина треба да се организира уште еден состанок во Скопје меѓу стопанските комори на двете земји, каде што потенцијални учесници на тој состанок можат да бидат претставници на Владата, стопански комори и претставници приватниот сектор на соодветните земји, Република Грција и Република Македонија, кои се заинтересирани за инвестирање.