На редовната 120-та владина седница ќе биде разгледана информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладина комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.
По барање на Собранието на Република Македонија, Владата денеска треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка.
Министрите на денешната седница ќе одлучуваат и по информацијата со Предлог-решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација - платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR).
На предлог на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија-Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, министрите денеска ќе ја разгледаат информацијата со акциски план за имплементација на мерките од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, за 2019-та година.
Владата денеска исто така ќе одлучува и за информацијата со правилник за инструментот за поддршка-кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со Предлог-одлука.