Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва се сретна со претставници на Јадранскиот совет, предводени од претседателот на Јадранскиот совет, Дејан Новаковиќ.
На средбата е изразено силно охрабрување до премиерот Заев дека неговите храбри и пред се мудри политики, со коишто е постигнат Договорот од Преспа и се отворени интеграциските процеси, водат кон економско лидерство.
Упатени се честитки за постигнувањата на нашата држава, со констатација дека Република Северна Македонија се наоѓа во одличен историски момент, бидејки е отворен нов циклус за нашата држава. При тоа, потенцирана е важноста на креативните политики и креативната дипломатија, како начин на изнаоѓање решенија за отворените политички прашања меѓу државите, за што како пример е посочен токму Договорот со Грција.
- Почнуваат да се чувствуваат економските бенефити за нашата држава и за граѓаните. Постојат повеќе компании коишто само во последниов период, по отворените НАТО интеграции, одлучија да инвестираат во Република Северна Македонија, а тоа значи нови работни места за граѓаните, повисоки плати и економски напредок на државата. Очекуваме успешно да се заокружи ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на сите земји членки, како и датум за почеток на преговорите со ЕУ и овие позитивни тенденции имаат влијание во севкупниот развој на државата, рече премиерот Заев.
На состанокот е разговарано за можни заеднички активности помеѓу Република Северна Македонија и Јадранскиот совет, во којшто членуваат влијателни политички и општетствени личности од целиот свет, како чекор кон унапредување на целиот регион во безбедносна смисла и пошироко во процесот на евро-атлански интерации.