Премиерот Груевски и владиниот тим на бизнис форум во Бурса
Со денешниот бизнис форум во Бурса, владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски ја завршува посетата на Турција, каде што во изминатите денови ги претставуваа можностите за инвестирање во Македонија.
На бизнис форумот во Бурса ќе учествуваат голем број турски бзинисмени, како и претставници на македонски компании.
Во текот на денешниот ден ќе биде потпишан и протокол за соработка меѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони на Македонија и Дирекцијата на организираните индустриски зони на Турција.
Премиерот Груевски попладне во Бурса ќе има средба и со иселениците од Македонија.
Економска промоција на Македонија владиниот тим претходно направи и во Истанбул, Кајсери, Коња, Газиантеп и Измир, а премиерот Груевски во Анкара имаше средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.