Колку државните институции и органи се технички и кадровски подготвени за спроведување на Законот за јазици во однос на луѓе, потенцијал, опрема, финансии и слично? Колку време ќе им треба на институциите да се усогласат и да почнат да го спроведуваат?
Датум на поставено прашање:
14.03.2019
Владата на Република Северна Македонија, министерствата и останатите институции се во фаза на подготовка за примена на Законот за употреба на јазиците. Роковите за имплементацијата на Законот се утврдени во самиот текст и тие се 6 месеци по неговата објава во Службен весник. Исто така, Ви укажуваме дека е во тек формирање на двете институции коишто произлегуваат од Законот, односно Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и Инспекторатот за употреба на јазиците.