Владо Мисајловски

Функција: 
Министер за одбрана
Е-пошта: 
#
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Пред стапување на функцијата министер за одбрана, Владо Мисајловски е избран за пратеник во Собранието на последните парламентарни избори одржани во мај 2024 година. Пратеничката функција ја извршуваше и во претходниот парламентарен состав на Собранието 2020 – 2024 година.

Во периодот 2018-2020 година тој е комерцијален директор во Кендо 3 ДООЕЛ, Скопје.
Во периодот 2015 – 2017 година ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски, каде во текот на 2014 година ја извршуваше функцијата државен секретар.
Од 2014 година до 2015 година, ја извршува функцијата, директор на јавното претпријатие за државни патишта.
Ја извршувал функцијата државен секретар во Министерство за надворешни работи од 2012 – 2014 година.
Претходно во периодот 2010 – 2011 година работи како Раководител на одделението за поддршка на градоначалникот на Општина Центар, а во периодот 2009 – 2010 година како советник за надворешна политика и меѓународни односи во кабинетот на претседателот на Собранието.

Владо Мисајловски е магистер на политички науки, област Европска меѓународна политика и дипломатија, на Факултетот за општествени науки, Скопје. Претходно дипломирал на Факултетот за општествени науки, Скопје и се здобил со звање дипломиран политиколог за меѓународна политика и дипломатија.

Има одлично познавање на англискиот јазик.