Министерство за култура и туризам
Министерството за култура и и туризам ги врши работите што се однесуваат на:
• следењето, анализирањето и предлагањето акти и мерки за развој и унапредување на културата;
• примената, заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
• организацијата, финансирањето и развојот на мрежата на националните установи и финансирањето на програми и проекти од национален интерес во оваа област;
• заштитата на културното богатство;
• издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската, галериската, библиотечната, архивската, музејската и кинотечната дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата;
• заштитата на авторското право и сродните права;
• споменичкото одбележување на настани и истакнати личности од национален интерес;
• интегралното планирање на развојот на туризмот и комплементарни активности;
• развојот, прогласување и одржливо користење на туристички простор и туристички дестинации од значење за туризмот;
• промоцијата на туризмот во земјата и во странство;
• подобрувањето на системот на вредност и конкурентност на туристичките места и производи;
• истражувањето на туристичкиот пазар и развој на туристички информациски систем;
• условите и начинот на вршење на дејноста на туристичките агенции;
• надзорот од негова надлежност и
• врши и други работи утврдени со закон.