Влада и министерства

Актуелниот состав на Владата на Република Северна Македонија е изгласан во Собранието на 16 јануари 2022 година со 62 гласа „за“ и 46 „против“, откако Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски доби мандат за состав на Владата од претседателот Стево Пендаровски.

Мандатот за работа на Владата се базира на изборната волја на граѓаните од последните парламентарни избори одржани на 15.7.2020 година, парламентарната и политичка поддршка претставена преку зголемено мнозинство на пратеници и довербата за спроведување на политиките дефинирани во Програмата за работа на Владата во периодот 2020-2024 и донесените стратешки документи за нејзино спроведување во изминатиот период.

Мандатот на Владата е да ги реализира политичките определби предвидени во Програмата за работа на Владата 2022-2024

  • Надлежностите на Владата можете да ги прочитате тука
  • Владата има и повеќе комисии, за чија работа можете да прочитате тука.
  • Програмата за работата на Владата на Република Северна Македонија во периодот 2020-2024 може да ја прочитате тука.

 

Претседател на Влада на Република Северна Македонија е Димитар Ковачевски. Претседателот на Владата има 4 заменици:

  1. Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците - Артан Груби
  2. Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење - Славица Грковска
  3. Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции - Фатмир Битиќи
  4. Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања - Бојан Маричиќ


 

 

Претходни состави на Владата

 

Димитар Ковачевски – Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Артан Груби – прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Славица Грковска – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење
Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
Бојан Маричиќ – Заменик на Претседателот за европски прашања
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Славјанка Петровска – министерка за одбрана
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
 – министер за правда
Фатмир Бесими – министер за финансии
Крешник Бектеши – министер за економија
Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
 – министер за здравство
Јетон Шаќири – министер за образование и наука
Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика
Ристо Пенов – министер за локална самоуправа
Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
 – министер за животна средина и просторно планирање
 – министер за информатичко општество и администрација
Џемаил Чупи – министер без ресор задолжен за дијаспора

Башким Хасанизаменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана
Назим Буши - заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи
Агим Нухиу - заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда
Џабир Доко - заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Фатмире Исаки - заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи
Филип Николоски - заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии
Зоран Маневски - заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија
Абдулшуќур Абедини - заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Владимир Рендевски - заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство
Лулзим Алиу - заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука
Зоран Димитровски - заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа
Даим Лучи - заменик на министерката која раководи со Министерството за култура
Александар Бајдевски - заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација
Беким Реџепи - заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски
Христина Оџаклиевска - заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање

Програмата за работа на Владата 2017-2020.

Зоран Заев – Претседател на Владата
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Драган Тевдовски – министер за финансии
Никола Димитров – министер за надворешни работи
Рената Дескоска – министерка за образование и наука
Горан Сугарески – министер за транспорт и врски
Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика
Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација
Садула Дураки – министер за животна средина и просторно планирање
Крешник Бектеши – министер за економија
Билен Саљији – министер за правда
Сухјел Фазлиу – министер за локална самоуправа
Арбен Таравари – министер за здравство
Роберт Алаѓозовски – министер за култура
Кочо Анѓушев – министер без ресор и вицепремиер за економски прашања
Бујар Османи – министер без ресор и вицепремиер за евроинтеграции
Хазби Лика – вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците
Едмонд Адеми – министер без ресор
Роберт Поповски – министер без ресор
Аднан Ќахил – министер без ресор
Самка Ибраимовски – министер без ресор
Зоран Шапуриќ – министер без ресор
Зорица Апостолска – министер без ресор

Оливер Спасовски – Претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија
Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана
Бујар Османи – министер без ресор во Владата
Мила Царовска – министерка без ресор во Владата
Никола Димитров – министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи
Наќе Чулев – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи
Садула Дураки – министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Нина Ангеловска – министерка која ќе раководи со Министерството за финансии
Венко Филипче – министер кој ќе раководи со Министерството за здравство
Рената Дескоска – министерка која ќе раководи со Министерството за правда
Горан Сугарески – министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски
Крешник Бектеши – министер кој ќе раководи со Министерството за економија
Трајан Димковски – министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дамјан Манчевски – министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација
Рашела Мизрахи – министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика
Арбер Адеми – министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука
Горан Милевски – министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа
Хусни Исмаили – министер кој ќе раководи со Министерството за култура
Насер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање
Роберт Поповски – министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност
Едмонд Адеми – министер без ресор задолжен за дијаспора
Музафер Бајрам – министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите
Зорица Апостолска – министерка без ресор задолжена за странски инвестиции
Бардул Даути – министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Елвин Хасан – министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Хисен Џемаили – министер без ресор задолжен за странски инвестиции

Програма за работа на Владата 2020-2024

Зоран Заев – Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Артан Груби – прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Љупчо Николовски – Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции
Никола Димитров – Заменик на Претседателот за европски прашања
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Бојан Маричиќ – министер за правда
Фатмир Бесими – министер за финансии
Крешник Бектеши – министер за економија
Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Горан Милевски – министер за локална самоуправа
Ирена Стефоска – министерка за култура
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање
Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

Башким Хасани - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана
Назим Буши - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи
Димитар Ковачевски - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии
Агим Нухиу - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда
Илхан Рахман - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Фатмире Исаки - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи
Зоран Маневски - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија
Трајан Димковски - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Илир Хасани - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство
Арафат Шабани - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука
Енвер Хусејин - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика
Зоран Димитровски - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа
Седат Сулејмани - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура
Александар Бајдевски - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација
Беким Реџепи - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски
Христина Оџаклиеска - Заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање


Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е основана на 2-ри февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Прочитај повеќе


Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија

Генералниот секретаријат е стручна служба на Владата која обезбедува логистичка и стручна поддршка на: Владата во целина, на Претседателот на Владата, неговите заменици и министрите, а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата. Основан е во 2000 година со Законот за Владата. Со Генералниот секретаријат раководи генерален секретар, помогнат од заменик генерален секретар.

Генерален секретар на Владата е Методија Димовски. Негов заменик е Тахир Хани.


Секретаријати на Владата

Владата има два секретаријати, кои се основани како посебни стручни служби, чија цел е да обезбедат стручна поддршка и координација на работата на органите на државната управа и на другите органи и институции.

Секретаријат за европски прашања

Секретаријат за законодавство


Служба за општи и заеднички работи

Службата врши општи работи и услуги за потребите на Претседателот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија и Уставниот суд на РСМ.

Повеќе за нивната работа прочитајте тука.


Национални координатори

Владата на Република Северна Македонија има именувано повеќе национални координатори, со специфични задачи и мандати за кои можете да прочитате тука.

Национални координативни тела

Владата на Република Северна Македонија има именувано национални координативни тела, со специфични задачи и мандати за кои можете да прочитате тука.


Самостојни управни органи

Согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа формирани се 4 самостојни органи и 3 управни организации, кои одговараат пред Владата на Република Северна Македонија.

Самостојни органи:

  1. Агенција за млади и спорт
  2. Агенција за иселеништво
  3. Агенција за храна и ветеринарство
  4. Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи

Управни организации:

  1. Геолошки завод на Република Северна Македонија
  2. Државен архив на Република Северна Македонија
  3. Државен завод за статистика