
Владата на Република Северна Македонија категорично ги демантира и ги оценува како инсинуации тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за средбата на премиерот Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика со делегацијата на работодавачите од текстилниот кластер.
Владата информира дека средбата е организирана на барање на работодавачите од текстилниот кластер со цел да се разговара за унапредување на условите за развој на текстилната индустрија.