Реновирањето на заедничкото основно и средно училиште во Пустец како реализација на одлука од заедничката седница на владите на Северна Македонија и Албанија

Пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија продолжуваат да се зацврстуваат со реализација на проекти од заеднички интерес.

Најновиот резултат од пријателските односи меѓу двете држави е одлуката за реконструкција на заедничкото, основно и средно училиште во Пустец, која беше дел од заклучоците на заедничката седница на владите на двете земји во Поградец минатата година.

Оваа одлука дојде како резултат на претходната активност на премиерот Зоран Заев и министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, во иницијативата на Владата на Република Албанија за реконструкција на 33 основни и средни училишта во Албанија, да биде вклучено и заедничкото основно и средно училиште во Пустец, во кое наставата се изведува на македонски и на албански јазик.

Реновирањето на училиштето во Пустец, веќе подолг период беше барање на македонската заедница која живее во Пустец, а нејзиното реализирање уште еднаш ги потврдува одличните односи помеѓу двете држави, и потврдува дека Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија се мост за градење блиски односи.