Превентивна програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ - Водно

Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ - Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство. Во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат:

  • Гинеколошки прегледи и советувања (дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед);
  • Дерматовенеролошки прегледи (крио-терапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија);
  • Тестирање за ХИВ;
  • Психолошки советувања;
  • Врсничка едукација/едукација со педагог;
  • Дистрибуција на кондоми и едукативни материјали;
  • Советувалиште за превенција од употреба на дроги.

Сите услуги се пристапни и достапни и за лица/млади со попреченост. Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од 3 часа.

Понеделник
Вторник
Среда
Четврток

Дерматовенеролог
14:00 - 17:00

Советувалиште за дроги
14:30 - 17:30

Тестирање за ХИВ
17:00 - 20:00

Советувалиште за дроги
14:30 - 17:30

Советување за ментално здравје
14:00 - 17:00

Гинеколог
15:00 - 18:00

Дерматовенеролог
15:00 - 18:00

Тестирање за ХИВ
15:00 - 18:00

Советувалиште за дроги
14:30 - 17:30

Советување со психолог
15:00 - 18:00

Тестирање за ХИВ
17:00 - 20:00


Младински центар „Сакам да знам“ - Водно
Tелефон: (02) 3176 950