Премиерот Заев оствари средба со премиерката на Обединетото Кралство Тереза Меј: Имаме силен заеднички интерес да ги одржуваме и продлабочуваме силните билатерални односи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, за време на одржувањето на Самитот за Западен Балкан во Познањ, Република Полска, оствари средба со премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј.

 

 

Премиерката Тереза Меј, од која премиерот на Полска го презеде претседавањето на Берлинскиот процес и организацијата на Самитот за Западен Балкан, на средбата му честиташе на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев за копретседавањето со овој процес со Република Бугарија во наредните 12 месеци. 

Премиерот Заев и премиерката Меј на средбата изразија задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, и изразија надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи, особено во економската соработка, при што беше нагласен интересот на британските компании да инвестираат во Северна Македонија. 

Двајцата соговорници на средбата ја истакнаа соработката меѓу двете земји и во мисиите на НАТО. Премиерот Заев беше информиран дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во алијансата во британскиот парламент е во завршна фаза. 

Премиерката Тереза Меј ја поздрави препораката на Европската Комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ.