Партнерство за отворена власт

 

Република Северна Македонија има препознаени резултати во процесите на отворена влада. Од приклучувањето во иницијативата за Отворено владино партнерство во 2011 година, посветено се следеше потребата од поголем ангажман и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки, воведување на поголеми стандарди на интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани.

Посветеноста за отвореност создаде многу придобивки, правејќи ја Владата потранспарентна и поодговорна, создавајќи потенцијал за развој на еден динамичен амбиент на вклученост, ефикасно управување со јавните ресурси,  градење на системи на интегритет, овозможувачка околина на локално ниво, пристап до информации и отворени податоци. Преку отворање и ставање на нашите ресурси на јавноста, успеавме да го унапредиме дијалогот, иновациите и употребата на технологијата што го прават животот на граѓаните подобар и полесен.
Темелено на постигнатиот успех и препознавањето на придобивките од Отворена влада, оваа иницијатива се прошири во рамките на Собранието во 2018 година, а во текот на 2021 година беа креирани и заложби за Отворено судство. Оттука, почитувајќи ја независноста на работата на законодавната и судската власт како посебни власти во Република Северна Македонија, Отвореното владино партнерство заслужено прераснува во Партнерство за отворена власт. 

Уште поважно, Партнерство за отворена власт врши силно влијание врз иновациите, развојот и конкурентноста.

За процесот за Партнерство за отворена власт воспоставена е онлајн платформата која преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во процесот, наменета за електронско информирање на граѓаните, невладините организации, деловните субјекти и државните институции, но и за нивно вклучување во активностите за имплементација на Партнерството за отворена власт во земјата.

Дознај повеќе за онлајн платформата за Партнерство за отворена власт на следниот линк: https://ovp.gov.mk