Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Мачевски од денеска е дел од светската конференција - ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта Унгарија, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.
Во рамки на официјалната посета, делегацијата предводена од министерот Манчевски, ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Теленор, Orange, AT&T, како и со Дорен Богдан Мартин, директорка на Телекомуникациското развојно биро на ITU и Хулин Жао, генерален секретар на ITU.
Бизнис климата во Северна Македонија и можностите кои ги дава на располагање за странски инвеститори, министерот Манчевски ќе ги презентира и на тркалезна маса, каде ќе присуствуваат претставници на повеќе оператори од Европа, како и дел од најголемите банки и регулатори од областа на електронските комуникации.
Податоците со кои Северна Македонија може да се пофали во областа на ИКТ се следните:
- €862 мил. - Вредност на пазарот на ИКТ
- 4% - Придонес кон БДП
- 47% - Раст на пазарот во изминатите 5 години
- 18 242 - Вработени во областа на ИКТ
- Над 600 дипломирани студенти на студии од областа на IT-технологии годишно
- €945 месечно - Просечна бруто-плата во секторот за телекомуникации
- 8,2% - Раст на пазарот за софтвери на годишно ниво
- 84,7% - Раст на пазарот за софтвери на годишно ниво
- 257 - нови субјекти основани во 2017 година.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во рамки на ITU Телеком, се обрати на тркалезна маса на тема: „Инвестирање во дигитална иднина во правец на гигабит инфраструктура и општество“. Настанот на едно место ги собра дел од заинтересираните оператори од повеќе земји од Европа кои имаа можност да ги слушнат условите за инвестирање во Северна Македонија.
Министерот Манчевски се осврна на бизнис климата во земјата и условите кои ги нуди.
„Северна Македонија одржува макроекономска стабилност со инфлација од 0,9%, а истовремено стимулира економски раст и развој. Со неодамнешните економски реформи на Владата се поддржува развој на бизниси и се привлекуваат приватни инвестиции, со што на компаниите им се обезбедуваат услови подготвени да влезат, да се еднакво конкурентни, и ефeктивно да излезат од пазарот. Поради овие заложби, се пласиравме на 10то место за леснотија во водењето бизнис од вкупно 190 земји, според извештајот на Светска Банка „Водење бизнис“ за 2019 година.
Растечките приливи на странски инвестиции ја задржаа високо квалификуваната раотна сила и одржа стабилност на стапката на вработеност во Северна Македонија на 46,9%. Во овие реформи е вклучен и најдобриот пакет за даноци во Европа: 10% корпоративен данок и 3% корпоративен данок за развој на ИКТ. Како резултат на реформите, Директните странски инвестиции (ДСИ) значително се зголемија во 2018 година, при што изнесуваа рекордни 735 милиони евра и опфаќаа 5,8% од БДП на земјата“, информираше министерот Манчевски.
Зборувајќи за аспектите од ИКТ сферата тој ги претстави поволните услови и развојот на оваа област.
„Секторот за ИКТ е најбрзорастечкиот сектор, со кумулативна стапка на раст од 47% во изминативе 5 години, при што опфаќа 4% од БДП во земјата. Секторот за ИКТ има вработено над 18 илјади високо квалификувани работници, а дури 257 компании за ИКТ беа основани во 2017 година.
Министерот Манчевски, го претстави и пазарот во контекст на можностите за инвестирање на нов мобилен оператор.
- 98,69% од населението и на 75% има сигнал 4G
- Вкупниот број на активни претплатници на мобилни услуги изнесува 95% (на припејд 46% , на постпејд 54%), бројот на претплатници на мобилен интернет изнесува 65%, додека пак бројот на активни M2M SIM-картички изнесува 207 990.
- Вкупните приходи на пазарот за мобилни услуги во 2018 година изнесуваа 139 милиони евра.
- Според Индексот на ГСМА за мобилна поврзаност на Северна Македонија за 2019 година, инфраструктурата за мобилна мрежа достигна 66,99; подготвеноста за потрошувачи достигна 73,89; достапност на цените на уреди и услуги достигна 73,78; меѓу другото.
Имајќи го предвид горенадевеното, клучните можности за раст се следните:
- Потрошувачи: претплата на бродбенд мобилни услуги - неискористени до 30% од пазарот (тековен удел 65%)
- Јавен сектор/Влада: пазар за користење дигирални услуги – до 80% потенцијал за раст на пазарот (тековен удел 17%-33%)
- Бизниси: користење услуги „во облак“, можност малите и средните претпријатија да продаваат онлајн и онлајн-прекугранична поврзаност – неискористени до 90% од пазарот (тековен удел 1%-16%)
- Вертикален пазар (IoT, M2M): во моментов се активни 207 990 M2M SIM-картички – голем неискористен дел од пазарот со побарувачка за раст (светски трендови на CARG за 2017-2022 година на 32%, Cisco VNI Mobile, 2019 година)
- Зголемување на просечните приходи по корисник, на инвестициите и на потенцијалот за приходи
Ситуацијата упатува на тоа дека сè уште има неискористени делови од пазарот кои може да ги пополни дополнителен мобилен оператор.
Покрај министерот Манчевски, на сесијата се обратија и Јарослав Пондер, раководител на кабинетот на УМТ за Европа, Н.Е. Дорина Чинари, заменик министер во Министерството за инфраструктура и енергетика, Је Муинг Ру, виш специјалист за дигитален развој на Светска Банка, По-вен Лиу, виш економист на сектор во Европската инвестициска банка, Акос Бона, Директор за меѓународни работи во фондацијата Дигитална иднина, Енрике Медина Мало, главен службеник за политика во Телефоника С.А, Габор Короши, директор во Теленор Унгарија.