На 19 септември 2019 се одржа осмиот по ред Семинар за Роми - работна средба за социјална инклузија на Ромите во Република Северна во Скопје во организација на Кабинетот на министерот без ресор Музафер Бајрам во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за Европски прашања и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.
Во своето воведно обраќање министерот Бајрам даде краток осврт на слабата реализација на заклучоците од 7 состанок на овој Семинар за Роми која е истакната во последниот Извештај на Европската комисија за напредок на земјата воедно и истакна дека како научена лекција од овој семинар е заклучоците кои ќе бидат донесени од работата на овие работни групи да бидат поконкретни и пореални во насока на имплементација.
Во рамки на оваа средба активно учество земаа претставници од државните институции, претставници од невладини и меѓународни организации како и претставници од дипломатски конзуларни претставништва преку работата во работни групи кои ги опфатија приоритените области согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 и тоа:
- Домување / Повратници
- Образование / Вработување
- Недискриминација / Родова еднаквост
- Здравство / Лица без документи
По усогласувањето со службите на Европската комисија, предлог заклучоците ќе бидат доставени на седница на Влада на Република Северна Македонија за нивно усвојува и редовно следење на процесот на имплементација.
Модераторка на групата Антидискриминација/Полова еднаквост беше Државната Секретарка во Министерството за труд и социјална политика, Г-ѓа м-р Јована Тренческа. Таа покрај модерацијата даде и свои забелешки и толкувања за дел од предложените препораки од страна на групата.
Одржувањето на ваквиот работен состанок претставува продолжување на состаноците иницирани од страна на Генералниот Директорат за проширување при Европската комисија, како дел од низата одржани состаноци од ваков тип во земјите од Западен Балкан со цел да се следи степенот на интеграција на Ромите во општеството како ранлива група на граѓани.