Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започна со подготовките за изработка на Националната ИКТ стратегија

Националниот совет за информациски и комуникациски технологии во соработка и со помош на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започна со подготовките за изработка на Националната ИКТ стратегија, како еден од стратешките документи на Владата на Република Северна Македонија.

На состанокот со експертите/консултантите покрај претседателот на Националниот совет за ИКТ г-дин Владимир Цветковиќ  учествуваа и членовите на Оперативното тело за стручно-оперативна и логистичка поддршка  на Националниот совет за ИКТ, претставници на министерствата и други органи на државната управа.

 

Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започна со подготовките за изработка на Националната ИКТ стратегија