Редовната 165-та седница на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи во Тетово

 

Агенда на министерски теренски активности во рамки на одржување на Владината седница во Тетово на 12 ноември 2019 година 

11:30 часот

Активност: Увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце

 

Увидот ќе го направат:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески
Министерот за економија, Крешник Бектеши
Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов
Директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемеди

Локација: Булевар Видео Смилевски Бато, делница маркет Веро - Спортски центар

12:30 часот

Активност: Посета на компанијата Федер Бау 

 

Увидот ќе го направи:

Министерот за економија, Крешник Бектеши

Локација: Индустриска зона Тетово, спроти Авто Штил (десно пред „Палма Мол“)

13:00 часот

Активност: Увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица

 

Увидот ќе го направи:

Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику

Локација: кај селото Топлица, пред наплатната рампа кај Гостивар, на патот кој води за о. Врапчиште

13:30 часот

Активност: Посета на клиничкиот центар Тетово

 

Посетата ќе ја направи:

Министерот за здравство, Венко Филипче

Локација: Клинички центар, Тетово

17:00 часот

Активност: Посета на пекара „Ремини“

 

Посетата ќе ја направи:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска
Директорката на агенцијата за вработување, Билјана Јовановска

Локација: ул. Маршал Тито, бб Зелен /Пазар-лок.43