Министерството за здравство информира дека до вчерашниот ден закажани се 20.069 граѓани за бесплатна вакцинација за наредните денови во трите поликлиники Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров во рамки на Здравствениот дом во Скопје и низ центрите за јавно здравје во целата држава. Вакцини против сезонски грип има.
Во понеделник следува нов пресек со состојбата за закажаните термини за бесплатна вакцинација и ќе се пуштат сите останати термини.
Здравствените установи се добро организирани и има одзив од граѓаните за вакцинација. Во моментов има доволно колични на вакцини за сите оние кои сакаат бесплатно да се вакцинираат. Дополнително, треба да пристигнат и 14.400 дози од вакцините.
Апелираме до граѓаните да се вакцинираат со вакцини против сезонски грип, да го заштитат како своето здравје, така и колективното.