Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември, Ден на Свети Климент Охридски.
Во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и патрон на МПЦ-ОА, на овој настан делегацијата на Владата ја предводеше министерот за култура, Хусни Исмаили, во придружба на заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.