Министерот Филипче со пензионерите од Куманово: Укинувањето на квотите е придобивка за сите граѓани, лековите се достапни во секое време

Пензионерите повеќе не прават домашни аптеки, лековите се достапни секој ден и во секое време. Укинувањето на квотите се придобивка не само за пензионерите, туку за сите граѓани. Ова е пораката од денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со Здружението на пензионери од Куманово.

„Мерките кои ги имплементираме даваат резултати. Со укинувањето на квотите, пациентите можат во секое време да ја земат својата терапија од аптеките ширум целата држава. Го решивме деценискиот проблем и го зајакнуваме јавното здравство. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз. Воведовме три нови типови на инсулини, кои се оригинални инсулини со сертификат, какви што се носат во сите развиени европски земји. Платите на здравствените работници ги зголемуваме за да им овозможиме достоинствени услови за работа. Тие да бидат мотивирани и среќни во својата работа“, потенцираше министерот Филипче.

Пензионерите изразија благодарност до министерот Филипче за укинувањето на квотите и овозможувањето достапна терапија за секого, грижа кон пациентите и унапредувањето на здравствениот сектор во Република Северна Македонија.