Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ја посети компанијата „НИКСИ“ од Куманово, која е уште една успешна приказна на домашни компании корисници на финансиска помош од ИПАРД програмата.
„НИКСИ“ е сместена во современ објект чија изградба и опрема се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите и претставува уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти.
„Со финансиска подршка од ИПАРД програмата, „НИКСИ“ доби околу 40 000 евра, пари наменети за набавка на опрема, т.е за набавка на современа машина за автоматско сечење на салами, со што производствениот процес е унапреден, олеснет и побезбеден. Оваа компанија остварува производство со капацитет од 1500 кг. на дневно ниво и при тоа за своите месни преработки, користи свежо месо од домашни добавувачи, а само 10% од увоз. Ваквите инвестициите во преработувачките капацитети се од големо значење, не само за модернизирање на земјоделството, туку и за развојот на вкупната економија на Република Северна Македонија“ –изјави Димковски.
Исто така, минисерот Трајан Димковски посочи дека, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега неколку пати се пофалени од претставниците на Европската Делегација во Македонија, како држава со најголема искористеност на средставта од ИПАРД 2 програмата и дека во споредба со земјите од регионот на Југоисточна Европа, Република Северна Македонија е најдобриот корисник на ИПАРД 2.
Резултатите од користењето на овие средства се видливи кај нас. Земјоделците и прехранбената индустрија коишто поднеле барања, веќе ги користат овие пари за инвестиции. Таков е и примеот со „НИКСИ“. Парите од овие фондови се искористуваат и им помагаат на земјоделците и фирмите од прехранбената индустрија, да го зголемуваат своето производство, да го изразат својот потенцијал и да се развиваат согласно европските стандарди.
Ваквите решителни бизнис чекори на една домашна компанија , се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. НИКСИ е вреден пример што заслужува да се следи и да послужи како мотив за охрабрување за други бизнис иницијативи, а МЗШВ ќе продолжи да креира мерки и политики за сеопфатен развој на секторот земјоделство.