Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија д-р Драги Рашковски оствари средба со Генералниот секретар на Советот на министри на Босна и Херцеговина, м-р Роберт Видовиќ.
На средбата, преку размена на искуства, се дискутираше за подобрување и зголемување на ефикасноста на владините постапки, за процесот на дигитализација на постапките и за концептот отворена влада.