Владата на Северна Македонија денеска ќе ги одржи редовните 173-та и 174-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ги одржи редовните 173-та и 174-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На дневниот ред на 173-тата седница се предложени поголем број точки со кои се предлага усвојување на програми за работа, финансиски планови и биланси за работата на министерствата, на јавните и државни претпријатија, како и на акционерските друштва со сопственост на државата.

Во рамките на редовната 174 седница на владата, денеска ќе бидат разгледани повеќе информации, ќе бидат утврдени одлуки, и повеќе предлози за измени и дополнувања, како и предлог законски решенија