Премиерот Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Гончарук за авионската несреќа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер, Олексиј Гончарук по веста за трагичната авионска несреќа.

„Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот Боинг 737, што се случи во близина на техеранскиот аеродром, а во којашто животот го загубија повеќе од 170 лица.

Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите“ е наведено во телеграмата испратена од премиерот Спасовски до украинскиот премиер Гончарук.