МНР Попоски се сретна со советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Француската Република Жан-Давид Левит
Во рамките на престојот во Париз, денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, оствари средба со советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Француската Република, Жан-Давид Левит.
На средбата, министерот Попоски ги презентираше очекувањата на Република Македонија за членство во НАТО, како и за почеток на пристапните преговори со Европската унија. Притоа, ги презентираше и правните аспекти на пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, очекувајќи дека овој значаен аргумент ќе биде соодветно прифатен и поддржан од земјите-членки на НАТО и на ЕУ. Министерот Попоски изрази и надеж дека ќе биде задржан кредибилитетот на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, а Република Македонија ќе продолжи активно да придонесува во регионалната стабилност и безбедност, доследно спроведувајќи ги зацртаните реформи во европските и евроатлатнтските интегративни процеси.
Од своја страна Левит, ги реафирмира ставовите на Франција за активна поддршка на процесите на проширување со земјите од регионот, а во тој контекст и со Република Македонија, како кредибилен партнер во Југоисточна Европа.