Информација за реализација на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година

Во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите а на предлог на Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Македонија (АЗНПММ) и ЗНМ, по направени низа јавни дебати и со поддршка од ОБСЕ, а по примерот на многу земји членки на ЕУ коишто им помагаат на печатените медиуми, Владата на Република Северна Македонија ја донесе Програмата за поддршка за  печатење и дистрибуција на печатените медиуми. 

Целта на програмата е да се реализираат активностите за поддршка на печатените медиуми од општ и информативен карактер. Постапката за избор на корисниците на средствата согласно Програмата ја спроведе Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат во којашто членуваат и по еден претставник  на АЗНПММ и еден претставник на ЗНМ. Комисијата донесе одлука врз основа на доставените барања и комплетната документацијa, согласно јасно дефинирани критериуми. Висината на одобрената поддршка е утврдена врз основа на доставените фактури за календарската 2018 година, а е дефинирана со договор потпишан помеѓу Генералниот секретаријат и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања.

Финансиска поддршка е доделена на оние печатени медиуми кои ги имаат исполнето сите обврски кон државата и кон вработените. На  печатените медиуми на македонски јазик исплатени се средства во висина од 50% за направените трошоци за печатење и 50% за трошоците за дистрибуција, а на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина од 70% за направените трошоци за печатење и 70% за трошоците за дистрибуција.

Од вкупно 16 пристигнати барања, одобрени се 12. Комисијата утврди дека едно барање нема уредна и комплетна документација бидејќи недостасува Изјава дека барателот под морална, материјална и кривична одговорност гарантира за точноста и веродостојноста на наведените податоци во барањето и поднесената документација, и затоа ова барање нема понатаму да се разгледува.  Од преостанатите барања утврдено е дека 2 се специјализирани изданија, а основниот критериум  е корисници  на овие средства да бидат печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања. Едно барање е од страна на медиум којшто е бесплатно издание, и не го исполнува критериумот којшто гласи „ Печатените медиуми последните три години до денот на објавувањето на Јавниот повик во континуитет да се продавале на пазарот“.

На овие 12 новинско-издавачки компании, им се распределени, согласно критериумите 43.908.032 денари, од вкупно 50 милиони денари предвидени во Буџетот за 2019 година за поддршка на печатените медиуми. Исто толку средства беа предвидени и во Буџетот за 2018 година. 

Во периодот што следува, на предлог на медиумските професионалци и нивните здруженија, предвидено е оваа Програма да се преточи во транспарентно системско решение, во инклузивен процес со сите засегнати страни од сферата на медиумите.

 

                                   За исплата
# Коминтент Печатење Дистрибуција Вкупно

1

Нова Македонија 5,234,866 1,565,860 6,800,725
2

Слободен печат

8,802,648 5,735,912 14,538,560
3

Зенит

222,249 75,000 297,249
4

Капитал

1,879,725 219,665 2,099,390
5

Коха

4,337,620 643,607 4,981,227
6

Вечер

6,856,069 1,593,954 8,450,023
7

Фокус

3,528,000 1,094,268 4,622,268
8

Лајм

854,000 109,503 963,503
9

Битолски Весник

46,470 2,700 49,170
10

Шења

212,274 0 212,274
11

Лице в лице

231,150 0 231,150
12

Економија и бизнис

616,876 45,619 662,495
  ВКУПНО ДЕНАРИ 32,821,946 11,086,086 43,908,032