Заради заштита на медиумските работници, од денес прес-конференциите на Владата ќе се одржуваат само преку онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари

Со оглед на вонредната состојба во која се наоѓаме поради коронавирус и сите воведени рестрикции, ве известуваме дека од денес (20 март 2020) прес конференциите на Владата ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели во медија центарот на Владата. Целта на овие мерки е сите заеднички да се заштитиме и да обезбедиме услови за работа согласно актуелната ситуација.  

Прашањата за прес конференциите во текот на денот може да ги испратите на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.

За секоја прес-конференција, ќе стигне најава од прес центарот на Владата, со вклучени емаил адреси на кои може да се постават прашањата, како и линкови (МКД и АЛБ) за видео стрим на кои може да се преземе и следи прес-конференцијата. 

Видео во висока резолуција можете да преземете од нашиот јутуб канал.