Средба Груевски - Пападимос во Брисел
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (четврток, 01.03.2012 година), на маргините на Самитот на ЕПП и на Самитот на ЕУ, во Брисел оствари средба со премиерот на Република Грција, г-дин Лукас Пападимос.
Средбата е во функција на унапредување на дијалогот и развој на добрососедските односи.
Соговорниците разговараа за курсот на билатералните односи, и разните аспекти на соработка помеѓу двете земји.
Во однос на прашањето за името двете страни истакнаа посветеност за продолжување на разговорите во рамки на процесот на Обединетите Нации во насока на изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.