Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,
Почитувани наши сограѓани од ромската заедница,
Нека ни е честит Меѓународниот ден на Ромите.
Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko - mashkardjijanengoro dive e Romengoro 8-to April.
Република Северна Македонија, како и целиот свет, денеска слави една уникатната традиција, верување и култура. Традицијата, верувањата и културата на Ромите, како значајна вредност во светското и на македонското културно наследство.
Со одбележувањето на овој празник правиме уште еден заеднички чекор на најдобар можен начин да ја промовираме и практикуваме нашата стратешка определба за изградба на концептот „Едно општество за сите“, по углед на големата европска идеја - Обединети во различностите.
Различностите во нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство.
Оваа година Меѓународниот ден на Ромите го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани заради мерките преземени против заканата од коронавирусот.
И во овие услови, кога зборуваме за „Едно општество за сите“, зборуваме за наше заедничко учество и почитување на мерките и препораките кои ни помагаат да ја совладаме опасноста и да го запреме ширењето на коронавирусот.
Тоа ќе ни помогне да си го заштитиме општеството и да ги намалиме социјалните и економските последици.
Како никогаш до сега, токму сега е време да се сплотиме и обединиме за да покажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество и во овие вонредни услови.
Да си ги сочуваме почитта и грижата на едните за другите. Нека ни биде тоа модел за нашата заедничка иднина која ја градиме, и која започнува и завршува, со почитувањето на сите заедници.
На заедници кои што соработуваат, се надополнуваат и меѓусебно се збогатуваат.
Нека ни е честит празникот – Меѓународен ден на Ромите!
Te arakha amaro kamipe thaj amaro dertluko jekh jekheske.
Te ovel akava modeli amare anglunipaske fundamenti, savo afirmirinaja respektea sa e minoritetenge kl amari them.
Etnikumia save jekh jekhe vas dena thaj maskar peste barvalipe kherena.
Te ovel emenge bute bershenge o bidjuko- mashkardjijanengoro dive e Romengoro 8-to April.