МВР: Статистика за почитување на мерките за заштита и забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (9/10.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 90 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 57 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. 

Исто така според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.