Денеска се одржа 22-от главен координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, на кој се дискутираа последните информации поврзани со актуелните случувања околу пандемијата.
Состанокот се одвиваше во присуство на ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенција од ширење на коронавирус како и преставникот на ЗЕЛС, како и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи кои ги споделија последните информации од своите институции.