Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 312
Куманово - 200
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –72
Тетово – 33
Струга – 43
Велес – 30
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци - 3
Гостивар –8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 21
Пробиштип - 1
Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.