Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 13, Куманово 25, Штип 1, Прилеп 10, Тетово 1, Велес 2, Гостивар 1, Кичево 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
- Скопје 329
- Куманово 236
- Дебар 49
- Штип 28
- Прилеп 85
- Тетово 38
- Струга 43
- Велес 34
- Битола 9
- Охрид 4
- Кавадарци 3
- Гостивар 9
- Гевглелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 3
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 22
- Пробиштип 2
- Кичево 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ - 530, преку Ветеринарен факултет - 18, Авицена - 20, Биотек - 24 и Филип Втори (Жан Митрев) - 118, а во тестирање со PCR метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на КОВИД-19.