Ве информираме дека извештајот на ИЈЗ во врска со ново-дијагностицираните случаи на КОВИД-19 во земјата сѐ уште се подготвува, но веднаш штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.
Во моментов се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку Зум платформата од домот на министерот за здравство, Венко Филипче, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.
Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом.
Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот.
Сите ваши прашања можете да ги доставите до одделението за односи со јавност во Министерството за здравство и истите ќе ви бидат одговорени во најкус можен рок.