Денеска, 18.04.2020 година (сабота) во 13:30 часот, преку онлајн стрим на прес видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“ ќе разговараме со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.
13:30 Вовед од страна на портпаролот Муамет Хоџа
- прв дел - национален опфат
- МЗ Филипче - ретроспектива на здравствените мерки и организација на здравствениот систем
- ЗПВРСМ МО Шекеринска - ретроспектива на Армијата во справување со коронавирус
- ЗПВРСМ СЕП Османи - ретроспектива на меѓународната помош и донациите
- ПВРСМ Спасовски - ретроспектива на економските мерки и осврт на целокуната поставеност на Владата за време на борбата со кризата
- прашања од страна на новинарите
14:20 втор дел - локален опфат
- ПВРСМ Спасовски - ретроспектива Куманово
- ЗПВРСМ МО Шекеринска - ретроспектива Дебар
- ЗПВРСМ СЕП Османи - ретроспектива Тетово
- МЗ Филипче - ретроспектива Скопје и други потенцијални жаришта
- отворена сесија на прашања од страна на новинарите