Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.