Оздравени се 29 пациенти, потврден е 41 нов случај на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани е 1300

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје 21, Битола 3 и Струмица 1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на КОВИД-19. По градови: Скопје 17, Куманово 11, Прилеп 5, Тетово 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Крива Паланка 1, Кичево 1, Неготино 1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.300, а последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 439
  • Куманово 353
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 131
  • Тетово 65
  • Струга 55
  • Велес 62
  • Битола 17
  • Охрид 15
  • Кавадарци 5
  • Гостивар 14
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 5
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 3
  • Неготино 3
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 1
  • Валандово 1

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Преку ИЈЗ - 437, преку Ветеринарен факултет - 23, Авицена - 20, Биотек - 49, Филип Втори (Жан Митрев) - 90 и Систина со PCR метода - 30. Досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти. Од нив 23 на кислородна поддршка и 5 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти и 7 се приклучени на респираторна машина. Во болницата во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 13.