Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од КОВИД-19. По градови: Скопје 25, Куманово 13, Прилеп 5, Струга 1, Битола 4, Охрид 1 и Кочани 4.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 4, Куманово 5, Прилеп 2 и Тетово 2.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 475
- Куманово 376
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 143
- Тетово 75
- Струга 64
- Велес 66
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 15
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 28
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 4
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
Направените 289 теста се преку: ИЈЗ - 226, Ветеринарен факултет - 9 , Авицена - 12, Биотек - 0, Филип Втори (Жан Митрев) - 0, Систина со PCR метода - 38 и МАНУ - 4. Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на КОВИД-19.