На 34 состанок на главниот координативен штаб кој утрово се реализираше преку онлајн платформа,се споделија последните информации од ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенција од ширење на коронавирус.
Со состанокот раководеше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, а на истиот присуствуваа ресорните министри како и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, Царинската управа и преставникот на ЗЕЛС. На состанокот се дискутираа информации и предлози поповрзани со актуелните случувања за превенција и заштита од коронавирус и тековните активности поврзани со сузбивање на пандемијата.