И вториот тест на коронавирус на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски е негативен. Премиерот Спасовски по тој повод истакнува дека е многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
На својата Фејсбук страна каде што ја објави оваа вест, претседателот на Владата Спасовски порачува дека е исклучително важно сите до еден целосно да ги почитуваат мерките и препораките, и дека тоа е единствениот начин за придонес за јавното здравје за да се создадат услови наскоро да се врати животот во новата нормала.
Премиерот Спасовски се заблагодарува за поддршката и апелира и понатаму да се внимава и да ги почитуваме мерките кои налагаат носење заштитни маски и физичка дистанца од два метри, зашто тоа се мерки кои го заштитуваат здравјето и животот, од кои зависи и брзата победа во битката со КОВИД-19.