Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје 19, Тетово 3, Струга 9, Битола 4 и Гостивар 3.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 4, Тетово 1, Пехчево 1, Делчево 1, Струга 1.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 493
- Куманово 384
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 147
- Тетово 76
- Струга 66
- Велес 69
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 17
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 28
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 7
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 2
- Делчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
Направените 279 теста се преку: ИЈЗ - 146, Ветеринарен факултет - 20, Авицена - 25, Биотек - 29, Филип Втори (Жан Митрев) - 39, Систина со PCR метода - 12 и МАНУ - 8. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.