Денеска се потврдени 33 нови случаи на КОВИД-19 вкупната бројка на дијагностицирани 1572 лица. Оздравени се 22 пациенти почина едно лице.
Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје 2, Куманово 6, Штип 3, Прилеп 7, Тетово 1, Струга 1, Кочани 2.
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Штип 1, Прилеп 5, Тетово 2, Велес 9, Битола 2, Крива Паланка 1.
Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.
Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 526
- Куманово 404
- Дебар 51
- Штип 35
- Прилеп 1667
- Тетово 95
- Струга 67
- Велес 95
- Битола 22
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 17
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 6
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 31
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 2
- Делчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
- Кратово 1
Направените 332 теста се преку: ИЈЗ 218, Ветеринарен факултет 17, Авицена 13, Биотек 22, Филип Втори (Жан Митрев) 19, Систина со PCR метода 23 и МАНУ 20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на КОВИД-19.