Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во: Скопје 6, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Виница 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 7, Куманово 4, Прилеп 4, Тетово 12, Велес 6, Гостивар 1, Пехчево 1 и Берово 1.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 538, активни 131
- Куманово 408, активни 63
- Дебар 51, активни 0
- Штип 35, активни 2
- Прилеп 173, активни 65
- Тетово 108, активни 53
- Струга 67, активни 16
- Велес 107, активни 51
- Битола 22, активни 3
- Охрид 15, активни 9
- Кавадарци 5, активни 1
- Гостивар 18, активни 4
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 2, активни 0
- Крива Паланка 6, активни 2
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 5
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 1
- Неготино 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 2
- Делчево 1, активни 1
- Валандово 1, активни 1
- Виница 2, активни 0
- Кратово 1, активни 1
- Берово 1, активни 1
Направените 411 теста се преку: ИЈЗ 248, Ветеринарен факултет 13, Авицена 14, Биотек 42, Филип Втори (Жан Митрев) 48, Систина со PCR метода 27 и МАНУ 19. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 39. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина се 3 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, и Тетово сe хоспитализирани 57 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.